Србија: 3.889 новозаразени со Ковид-19, 39 пациенти починале

Во последните 24 часа во Србија, коронавирусот е потврден кај 3.889 лица меѓу 11.442 тестирани примероци. На веб-страницата covid19.rs стои дека нови 39 пациенти починале.

Во моментов има 6.967 пациенти во ковид-болниците низ целата земја, од кои 269 се на апарати за дишење.

Од почетокот на епидемијата во Србија, тестирани се 3.374.035 луѓе, а инфекцијата е потврдена кај 585.506 лица.

Вкупно починаа 5.190 лица, со стапка на смртност од 0,89 проценти.

Претходна вест1.545 пациенти со ковид има во болниците низ државата, во Скопје се 657
Следна вест708 нови случаи на корона вирус, починати се 33 лица