Темно Режим Светло Режим

Средби со врвот на ЕК: Муцунски ја турка евроинтеграцијата

Муцунски: Значаен исчекор во економската соработка со САД Муцунски: Значаен исчекор во економската соработка со САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во следните два дена ќе престојува во работна посета на Брисел, каде ќе оствари серија средби со високи претставници на Европската Унија.

Според соопштението од Министерството, Муцунски ќе се сретне со еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, Роксана Минзату. Воедно, заедно со министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, ќе одржи средба и со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер.

За време на посетата се предвидени и средби со пратеници во Европскиот парламент, како и брифинг со претставници на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на ЕУ.

Министерот ќе учествува и на тркалезната маса „A path for European enlargement“, организирана од „Пријатели на Европа“, каде ќе се дискутира за процесот на проширување и идните европски политики.

Во фокусот на сите активности ќе бидат евроинтеграциите на земјата, динамиката на пристапниот процес, како и секторската соработка со институциите на Европската Унија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Филипче: Цените ќе растат и покрај владината одлука

Филипче: Цените ќе растат и покрај владината одлука

Следниот Пост
Ново поскапување на горивата, во просек за 1,24 проценти

До 150.000 литри дневно точат странци во Македонија