Српски државјанин бил уапсен на скопскиот аеродром, бил баран од Интерпол

Српски државјанин бил уапсен на скопскиот аеродром, бидејќи бил баран од Интерпол. Вчеравечер, во 20 часот, на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода 54-годишниот М. В. од Република Србија, извести МВР.

– При пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека е со мерка ‘апси’ на барање од Интерпол Холандија, соопшти МВР.

Тој бил предаден на полициските службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Претходна вестРасказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ избран за најдобар на отворениот конкурс во чест на Живко Чинго
Следна вестВандали ги искршиле клупите на Средно Водно