Стартна победа на Еурофарм Пелистер во СЕХА лигата

Eурофарм Пелистер со победа тргна во регионалната ракометна СЕХА лига, откако вечерва триумфираше во Битола над Металопластика со 30:26 (12:14).Македонскиот тим добро го отвори натпреварот, контролирајќи го резултатот до финишот на првото полувреме, кога гостите од Шабац со серија од 5:1 заминаа на пауза со предност од 14:12.По десет минути игра во вториот дел, Еурофарм Пелистер го врати водството за 18:17 и влезе во последните 15 минути со предност од три голови разлика 26:23 што не ја испушти до самиот крај за стартна победа во СЕХА лигата.Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше босанскиот интернационалец Јосип Периќ со осум голови, додека Хрватот Стипе Мандалиниќ постигна шест погодоци.Следен противник на екипата од Битола ќе биде хрватскиот првак Загреб на 6 февруари следната година.

Претходна вестГо лажел дека ќе му обезбеди виза за САД и му наплатил 2.000 долари
Следна вестМарин молчи за обвинувањата дека само во Аеродром се гради како во 4 општини заедно