Го лажел дека ќе му обезбеди виза за САД и му наплатил 2.000 долари

Кривична пријава е поднесена против лицето Р.Б.(53) од селото Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

-Тој, во текот на оваа и мината година на лице од Охрид му ветувал дека може да му обезбеди виза за САД и доведувајќи го во заблуда, во два наврата побарал и добил сума од 2.000 американски долари, се наведува во информацијата на МВР.

Претходна вестМАНУ: Потребно е систематско и посебно изучување на македонскиот јазик и македонската историја
Следна вестСтартна победа на Еурофарм Пелистер во СЕХА лигата