Облачно со магла по котлините и температура до 13 степени

На скопското подрачје денеска во претпладневните часови ќе биде облачно време со појава на магла и ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалат. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.

Во останати краишта на Македонија времето денеска ќе биде умерено облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. По одделни котлини маглата ќе се задржи во поголем дел од денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Претходна вестВо четврток новогодишен концерт во Филхармонија: Нова година – нов почеток!
Следна вестФилипче денеска на седница на бугарската влада, ќе се збори и за вакцините против корона вирусот