Снаодливиот Шилегов и најде нова употребна вредност на заштитната маска

На скопскиот градоначалник заштитната маска му послужи и за издувување на носот во неа!? Ваков еден невообичеан потег скопскиот градоначалник направил дури и пред телевизиски камери.

Градоначалникот Петре Шилегов вчера гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител, каде што зборуваше за својот професионален, но и за својот приватен живот. При ова, тој играше и пантомима со водителката, односно погодуваше и објаснуваше најразлични поими.

Но, веднаш по завршувањето на играта скопскиот градоначалник ја зеде својата заштитна маска и во неа си го издува носот. 

Оваа случка веднаш беше споделена на социјалната мрежа Твитер и почнаа ироничните коментари за „снаодливоста“ на Шилегов.

Претходна вестОд денеска се забранети сите летови од и кон В. Британија
Следна вестВо скопските ковид центри за 24 часа се хоспитализирани 36 пациенти