Стоилковски: Нови 900.000 буџетски евра од Пановска за Пановски! Премногу е!

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ денеска укажува за тендер во здравството кој само е продолжение на една шема.

-Македонија е црна дупка во здравството, најцрна дупка во економијата, ама власта не застанува со корупција и со криминал во здравството, дури и врз грбот на најнесреќните. Нема нова болница, ама има нов тендер од ќерка за татко, речиси еден милион евра! Клиниката за хематологија водена од омилената директорка на СДСМ, Ирина Ставридис Пановска, дала тендер на Пановски за набавка на лекови вредни над 55 милиони денари, изјави на прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, покажувајки го договорот пред камерите.

Тој додаде дека неказнивоста на криминалот од институциите значи поддршка на криминалот од државните институции! Ова не е прв тендер од ќерка на татко, ова е утврдена шема со неказнивост за конфликт на интереси и ова се повторува.

Стоилковски истакна дека ова е срамно, понижувачко, недостоинствено, па и нечовечко да се заработува врз грбот на несреќни и болни! А молкот од институциите значи само едно – Молкот значи одобрување!

Претходна вестЗаборавиле дека треба да полагаат за возачка дозвола
Следна вестШтрајкот ставен во мирување, Управата за матични книги од утре ќе издава документи