Струшки вечери на поезијата во пандемски услови, лауреатот Амир Ор ќе дојде следната година

Годинашниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, израелскиот поет Амир Ор, заради безбедносни причини поврзани со пандемијата – ќе дојде во Струга следната година. Фестивалот годинава се организира традиционално на крајот од август, поточно од 28 до 30 август,

-Сегашните околности дозволуваат да се организира фестивал со физичко присуство на домашните поети, а поканетите учесници од странство, поради рестрикциите во однос на патувањата и авионските летови, но и заради минимизирање на ризикот од ширење на вирусот, ќе бидат претставени преку видеочитања. Специјално видеообраќање како и видеочитање, подготви и годинешниот лауреат на СВП, израелскиот поет Амир Ор, кој ќе биде специјален гостин на наредното, јубилејно 60-то издание на СВП во 2021 година, кога и ќе му биде врачен „Златниот венец“, заедно со лауреатот за 2021 година, соопштија од СВП.

Поетските читања ќе се случуваат на тераса на хотел „Дрим“, на која и вообичаено се одвиваат дел од програмските активности во редовните изданија на фестивалот.

Претходна вестРусите вакцина за ковид пронајдоа, ние уште пронаѓаме кој гради кај Мавровка
Следна вестНов споменик на негрижата и јавашлукот сјае во „Жена парк“