Сведочење на Орце Камчев: Бојан со „Меѓународен сојуз“ направи од цел град мајмуни

Бизнисменот Орце Камчев ги одбил проектите на „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 за шопинг мол и за старечки домови бидејќи немале бизнис логика, а Агапи Дика, која била претседателка на Собранието не знаела за деталите и сумите со кои биле договорани меѓу Јовановски и бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Азмовски. Ова е епилогот на нивното денешно сведочење во случајот „Меѓународен сојуз“ во кој им се суди на Бојан Јовановски, Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Ерцеговиќ за измами и помагање во перење пари.

Орце Камчев, кој беше спроведен од притвор во кој неодамна беше ставен за друг случај. Тој на почетокот побара да биде изземен како сведок од овој случај бидејќи му е определен притор и ќе го нема кредибилитетот како сведок. Кога, сепак, го почна сведочењето истакнувајќи дека од Зоран Милески, Бојан Јовановски и синот на Катица Јанева му било понудено да инвестира во шопинг мол додека преку „Меѓународен сојуз“ му понудиле да влезе во бизнис со старечки домови.

-За молот не прифатив оти мислев дека нема економска логика. За старечки домови Јовановски бараше локација во Карпош која е соодветна. Беше спорен капацитетот, локацијата, тогаш Бојан ми кажа дека Стефан Богоев ќе помогне со локација, но потоа ми кажа дека Богоев го излажал. Но јас не потпишав ниту еден од двата проекти, беа прескапи, рече Камчев,

Бизнисменот додаде и тоа дека Боки -13 му се фалел со заеднички слики со премиерот.

-Кога Јовановски дојдоа со Милевски беше претставен договорот на маса, истиот договор беше условен дека со помош на министерството за труд и социјална политика, каде има сериозни врски, ќе биде одбрана локација. Го прашав за Охрид и за Струга и Битола ми рече дека се зафатени, за Дојран дека ќе проверел, а од Карпош е блокиран. И, сето тоа за неговата моќ која ја имал во Меѓународен сојуз, и со сите политичиари, дури и ми се фалеше со слики со премиерот, дека 20 отсто за третман на пациенти ќе бидат субвенционирани од министерството. Во договорот беше злоупотребена или изманипулирана власта, и затоа јас го откачив, а потоа се случи тоа што се случи, рече Камчев.

Во однос на обвиненито, сведокот посочи дека на Јовановски му исплатил две фактури за реклами на телевизијата „1ТВ“ од 150 илјади евра, поради, како што вели, рекетот што му бил вршен.

-Бојан со „Меѓународен сојуз“ направи од цел град мајмуни, заклучи Камчев.

Од друга страна пак, сведокот Агапи Дика, пак, рече дека не знае зошто не се реализирале проектите за старечки домови со кои биле измамени бизнисмените Силјан Мицевски од фирмата „Пелистер“ и Ардијан Амзоски од „Дрим билдинг“. Со нив биле потпишани преддоговори и потоа договори.

-Имаше презентација и проектот на „Дрим билинг“ требало да се гради во Карпош, а на „Пелистер“ во Битола. Јас не учествував во преговорите ниту на почеток ги знаев сумите за кои биле потпишани договорите. Подоцна ги дознав сумите од медиумите, рече таа.

Претходна вестПовлечен учебникот по географија за втора година средно
Следна вестИницијаторите се откажаа од вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 28 март