Таеквондистите добија поддршка од Алкалоид

Македонското таекводно доби поддршка од Алкалоид – Скопје за остварување на норма за учество на Летните Олимписки игри во Париз. На денешната прес-конференција Македонската таеквондо федерација и Алкалоид потпишаа двегодишен догвор.

Целта на оваа соработка да се остварат  уште подобри резултати во овој спорт кој е еден од најдобрите наши репрезенти во последните години.

– Денес ми е чест и гордост што сум тука со македонската таеквондо федерација и репрезентација. Алкалоид како општествено одговорна компанија дава придонес за јакнење на македонската нација по сите основи. Ние го препознавме тоа што го работат овие млади амбициозни луѓе. Чест ни е што ќе бидеме дел тимот што ќе се бори за успеси на Македонија. Среќен сум кога ќе видам луѓе што работат заедно максимално посветено и упорно. Навистина е голема радост она што го направи Дејан на Олимпијадата. Да им помогнеме, јас сум оптимист дека ќе славиме норми и нови медали. За Македонија, за македонскиот спорт ќе изградиме успешни приказни, изјави Живко Муакетов директорот на Алкалоид.

Дејан Георгиевски пак, спортистот кој го сврте вниманието кон таеквондото, освојувач на медал од ОИ, кој неодамна се врати со медал добиен од врвните турнири одржани во Турција, изјави дека македонското таекводно е сериозна приказна која се бори за високи цели – највисоките одличја – олимписки медали.

– Му благодарам на Алкалоид за оваа поддршка. Годинава ја почнавме успешно со освојување на медал на Президент Купот во Турција се надевам дека така ќе продолжиме. Календарот е полн оваа сезона, се надевам дека ќе успееме“, изјави Георгиевски.

Борче Костовски, Претседателот на Таекводно федерацијата на Македонија, исто така не го криеше задоволството.

– Благодарност до Живко Мукаетов, како човек со широко срце му помага на македонскиот спорт генерално. Тој ја препозна, ја виде македонската таеквондо  приказната, потенцијалот. Заедно ќе бидеме успешни во иднина. Македонската таеквондо федерација во последниот период бележи страшни резултати, несоодветни за македонското поднебје. Покажуваме што се направило до сега и дека се е можно, само доколку се внесе страст, труд и наука. Оваа година не очекуваат силни турнири, каде што и државата треба да помогне на овој спорт. На европските норми имаме обезбедено, се бориме за норми во Париз, се надевам дека тоа ќе го оствариме, изјави Костовски.

Поддршка имаат, останува таеквондистите да го дадат својот максимум за да обезбедат норми кои ќе им овозможат учество на Летните Олимписки игри во Париз 2024.

 

Претходна вестНовинарите в петок на протестен марш за одбрана на достоинството
Следна вестРасказот „Хектор“ првонаграден на конкурсот „Тврдоглави“