Новинарите в петок на протестен марш за одбрана на достоинството

Марш за одбрана на новинарското достоинство кој ќе почне пред Владата в петок ќе организираат Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Двете организации ги повикуваат новинарите и медиумските работнции да излезад и за изразат незадоволство од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба.

На маршот ќе бидат испратени пораки од претставници на ЗНМ и ССНМ, а ќе бидат доставени и следните барања до Владата и до Собранието.

– Итно донесување на неопходните закони кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно имплементирање

– Јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите

– Крај на агресивниот државен пи-ар

– Поддршка за локалните новинари и медиуми

– Почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници

– Безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници.

Претходна вестОткажан ОФФест, државата им ги преполови средствата
Следна вестТаеквондистите добија поддршка од Алкалоид