Татко и син ги тепале сопругата и ќерката во скопско

Жена од околината на Скопје вчера пријавила во полиција дека ја нападнале нејзиниот сопруг и синот, а сопругот ја тепал и со тврд предмет. Таа пријавила дека нејзиниот 28-годишен син физички ја нападнал и сопствената сестра, нејзината ќерка.

– Денеска (17.02.2023) во 02.30 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена од скопско село пријавила дека на 16.02.2023 околу 18.00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот син Н.П.(28) и нејзиниот сопруг Р.П., кој употребил и тврд предмет. Н.П. физички ја нападнал и нејзината ќерка, се вели во вчерашното соопштението на МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестПронајдена дрога во угостителски објекти
Следна вестХуманитарен настан во МКЦ за помош на настраданите семејства во Турција и Сирија