Тензии пред Собранието, демонстранти ја урнаа оградата – полицијата ги потисна

Протестите под мотото „Ултиматум – не благодарам” вечерва пред Собранието беа тензични. Многубројни насобрани граѓани скандираа барајки оставки од Власта и да не биде прифатен францускиот предлог.

Во таков момент еден дел од присутните демонстранти ја урнаа привремено поставената ограда од пред Собранието, а неколкумина и влегоа во тревникот пред македонскиот парламент. Цело време кон Собранието се фрлаат петарди, шишиња и други предмети.

Полициски кордон ги потисна демонстрантите кон паркот „Жена-борец“. По што ситуацијата полека се смири.

Засега неофицијално се информира дека има повредени во инцидентот, а има и приведени демонстранти.

Инаку и на денешниот протест пред Владата и Собранието голем број на граѓани негодуваат што власта покажува подготвеност да го прифати францускиот предлог за добивање на „датум“ за преговори, кој всушност како што велат ќе се претвори во дадени датуми на Бугарија да прави што сака во Македонија.

 

Претходна вестТрагедија: Маж се удави во Охридско Езеро
Следна вестПовредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти во синоќешните протести пред македонскиот парламент