Тешка сообраќајка кај Струмица, загина едно лице

Едно лице загина во сообраќајка што се случи вчера околу 21:30 часот на излезот од село Дабиле, пред крстосницата за селото Робово, на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село. Според информации од струмичката болница, околу 22 часот таму бил донесен починат маж на 47 годишна возраст-возач на „мерцедесот“, додека другиот возач поминал без повреди.

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во сообраќајката учествувале автомобили „фиат браво“ и „мерцедес“.

Повеќе детали за несреќата се очекуваат денеска.

Претходна вестБогата програма во рамки на Скопско лето
Следна вестТЕЦ Битола е најголемиот загадувач со сулфур-дикосид на целиот Западен Балкан