Тешка сообраќајка на патот Охрид – Кичево, загина едно лице

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на патот Охрид – Кичево, соопшти полицијата.

МВР соопшти дека утрово во 02.30 часот била пријавена тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, меѓу селата Климештани и Ботун.

-Во несреќата учествувале два автомобили „БМВ“ упрвувано од М.М. (21) и „Ауди“ управувано од Ѓ.Д. (62), информира полицијата.

Од повредите на лице место починал Ѓ.Д. додека М.М. со тешки повреди е пренесен во Општата болница Охрид.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Заев, Богоев, Царовска и Шахпаска трчаа кој попрво да се слика во градинката, а сега бегаат
Следна вестГрадителите пред нашата ера биле побрзи: Виа Игнација наспроти Кичево – Охрид