Тешко повредена жена во сообраќајна несреќа во прилепско

Во сообраќајна несреќа тешко повредена 58-годишна жена од прилепското село Десово.

Според информациите од МВР, несреќета се случила вчера на патот Ропотово-Богомила, кога возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(22) од с.Десово и возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.М.(35) од с.Секирци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.К.(58) од с.Десово, сопатничка во возилото „мерцедес“, констатирани во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Претходна вестКовачевски: Левица и Апасиев се најголемата опасност, го држат во заложништво и Мицкоски
Следна вестМакедонскиот дипломатски синдикат дава силна поддршка на студентите и нивните барања