Tинејџер почина во кочанската болница

Шетснаесетгодишно момче почина во општата болница Кочани, каде било донесено во бесознаниe.

Од полицијата известија дека момчето било донесено вчера околу 20.30 часот.

-И покрај укажаната лекарска помош и реанимација тој починал, а смрт констатирал лекар, велат од МВР.

По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Претходна вестШтипјанец силувал 27-годишна жена
Следна вестAмериканец влегол во касарната Илинден без дозвола