Треба ли да се одложи пописот: Ноќе ќе има полициски час, а дење ќе ни доаѓаат попишувачи?

Предлогот на здравствената комисија за воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро во наредниве две недели (но можело и повеќе ако има потреба) очигледно е знак дека состојбите со ширењето на корона вирусот не одат на добро. Надлежните сакаат да ги спречат групирањата и можностите за ширење на вурусот.

Но, јасно е дека и оваа мерка нема да помогне ако нема промени во односот од сите – од оние што го контролираат спроведувањето на превентивните мерки како и од самите граѓани. Како што, впрочем, му кажуваат и самите граѓани на министерот за здравство Венко Филипче – залудно е да се воведе полициски час ако во кафеаните кои работат до 21 часот има големи групирања, нема држење дистанца и слично. А и ако не се донесат поголеми количини на вакцини.

Тука се наметнува и дилемата, ако се тргнува кон непопуларни мерки (каква е и полицискиот час) за да се спречи ширењето на вирусот – зошто не се одложи за кратко и пописот на населението кој може да претставува ризик за пренесување на вирусот? Зарем пописот не може да се одржи за месец-два-три… кога ќе се стабилизира епидемиолошката состојба и кога контактите на попишувачите и граѓаните ќе бидат со помал ризик…? 

-Пoлициски чaс oд 22:00-05:00 кoгa жив чoвек немa пo улиците, aмa зaтoa вo 08:00 чaсoт ти дoaѓaaт пoпишувaчи кoи пoминaле низ 50 куќи, констатира со чудење граѓанин на Твитер.

Такви и слични констатации има многу на социјалните мрежи, каде има и укажувања дека пописот треба да се одложи за извесен период за да се намали ризикот од ширење на епидемијата. За одложување на пописот за еден до два месеци неодамна зборуваше и познат доктор во Македонија, наведувајќи дека така пописот ќе може многумина да го направат на отворено во двор или на тераса, а и ќе има време барем дел од попишувачите да се вакцинираат. Ако дојде вакцината.

Претходна вест21-годишен скопјанец роварел нив Битола и Охрид – крадел велосипеди, во продавници, во коли…
Следна вестОпштина Центар собира најмногу данок на имот, следуваат Карпош и Аеродром