21-годишен скопјанец роварел нив Битола и Охрид – крадел велосипеди, во продавници, во коли…

Во саботата уапсен е 21 – годипшно момче од Скопје со иницијали Р.М., кое е осомничено дека извршило повеќе кражби на подрачјето на Битола и Охрид.

И доколку ова авест се објави вака, таа не се разликува од многуте кои секојдневно се објавуваат во полицискиот билтен. Но она што ја издвојува од останатите е што ова момче, кое штотуку излегло од тинејџерските години, извршиле дури 33 кражби, од кои некои се тешки.

Од нив 23 ги извршил во Битола, односно две во продавница, потоа украл два велосипеди, а останатите 17 се во коли.

На подрачјето на Охрид извршил вкупно 10 кражби, од кои два велосипеди и осум во патнички возила, соопштија од МВР.

Претходна вестСтаречките домови ќе го „скршат мразот“ со руската вакцина
Следна вестТреба ли да се одложи пописот: Ноќе ќе има полициски час, а дење ќе ни доаѓаат попишувачи?