Тројца полицајци зеле мито од 2.000 денари за да не наплатат казна од 500 евра

Министерството за внатрешни работи информира дека завчера во 18.12 часот во Полициската станица Чаир, Б.Б.(34) од Скопје пријавил дека околу 14.45 часот на ул.„Македонско-косовска бригада“ со неговото возило „опел зафира“, во кое бил со З.М., бил сопрен од тројца полициски службеници.

– Според пријавеното, тие му побарале документи и откако им рекол дека не ги носи го информирале дека треба да плати казна од 500 евра и дека возилото ќе му биде одземено, а ако не сака да плати казна да им даде 50 евра да се почестат. Како што е пријавено, тој им дал 2.000 денари, по што ги пуштиле да си заминат. По преземени мерки било констатирано дека станува збор за полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари, кои биле на должност, но не биле на местата на кои биле распоредени, информираат од полицијата.

За случајот е запознаен Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестМашински инженер Драган Илиевски ќе раководи со ЗОО Скопје
Следна вестКомисија за заштита од дискриминација ќе изврши увид во клубот „Иван Михајлов“