Цените на лебот, шеќерот, маслото, месото, сирењето се замрзнуваат до крај на јануари

Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на цените на основните производи како: леб, шеќер, брашно, сончогледово место за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, месо, сувомесни производи, сирење и урда.

За највисоки ќе се сметаат цените кои биле на 1 декември 2021 година во трговијата на големо и мало.

Замрзнувањето на цените е до 31 јануари 2022 година, а ако има потреба овој рок ќе биде продолжен.

 

Претходна вестСреда неработен ден – го славиме Денот на писменоста
Следна вестПрегазен пешак во Ченто