Црниот биланс не престанува: 9 пациенти починале од вирусот, 143 лица се новозаразени

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 43, Куманово – 16, Штип – 4, Прилеп – 9, Тетово – 6, Струга – 2, Велес – 3, Охрид – 2, Кавадарци – 3, Гостивар – 6, Гевгелија – 4, Струмица – 11, Радовиш – 1, Кочани – 15, Пробиштип – 1, Пехчево – 1, Валандово – 3, Виница – 2, Делчево – 3, Свети Николе – 5, Кичево – 2 и Неготино – 1.

Во болнички услови починати се 9 лица, пациент од Виница (70), двајца пациенти од Струмица (по 67), еден пациент од Охрид (48), еден од Гостивар (64), двајца пациенти од Тетово (70 и 71) и двајца од Куманово (68 и 77).

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 110 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.343, бројката на оздравени пациенти е 14.422, на починати е 721, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.200. Според завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6.782, активни 626
• Куманово 1.729, активни 176
• Дебар 282, активни 41
• Штип 1.243, активни 57
• Прилеп 652, активни 122
• Тетово 1.411, активни 172
• Струга 662, активни 61
• Велес 316, активни 37
• Битола 285, активни 59
• Охрид 418, активни 46
• Кавадарци 225, активни 39
• Гостивар 924, активни 110
• Гевгелија 119, активни 52 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 215, активни 136
• Крива Паланка 102, активни 27
• Радовиш 75, активни 22
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 319, активни 140
• Пробиштип 108, активни 19
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 92, активни 13
• Пехчево 43, активни 3
• Берово 91, активни 28
• Валандово 27, активни 18
• Виница 105, активни 27
• Делчево 157, активни 84 (34 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активени 1
• Свети Николе 327, активни 24
• Кичево 317, активни 38
• Ресен 162, активни 14
• Неготино 50, активни 3 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 66 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на Ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 38 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 19, а во болницата во Штип – 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 167 лица позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Претходна вестОпштина Центар е првата општина која поднесе мислење до МОН за физичко присуство на ученици
Следна вестАмериканскиот рапер Кање Вест објави икона на Свети Климент Охридски