Турција не прифаќа сочувство од САД во врска со нападот во Истанбул

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека неговата земја не ја прифаќа пораката на сочувство на САД во врска со терористичкиот напад во Истанбул во кој загинаа 6 лица и неколку десетици ранети, пренесува Макфакс.

Портпаролката на Белата куќа, Кетрин Жан-Пјер, во писмена изјава напиша дека САД најостро го осудуваат „актот на насилство што се случи во Истанбул“, јавува Анадолија.

Турските власти велат дека тероризмот го извршил сирискиот огранок на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Турција ја смета за терористичка организација.

Уапсената осомничена признала дека наредбата за нападот ја добила од центарот на терористичката организација во Кобане, Сирија, соопштија турските власти.

Во изјава за новинарите на местото на експлозијата, министерот за внатрешни работи рече дека лицето одговорно за нападот ќе побегнело во Грција доколку не бил фатен.

Турција ги идентификува милитантите од Сирија како организатори на смртоносниот бомбашки напад во Истанбул и нема да прифати сочувство од САД, кои како што велат ги поддржувале во минатото.

Претходна вестЗа три месеци одложено судењето на Лидија Димова
Следна вестМНР: Македонска државјанка полесно повредена во турканиците по експлозијата во Истанбул