МНР: Македонска државјанка полесно повредена во турканиците по експлозијата во Истанбул

Една македонска државјанка е полесно повредена во турканиците коишто настанале по вчерашната експлозија во Истанбул, Турција, сооопшти денеска МНР. Во соопштението се наведува дека таа се повредила при оддалечување од местото на експлозијата, при што настанал голем метеж од луѓе.

-Информираме дека без поголеми проблеми таа е веќе вратена во земјата, се наведува во соопштението.

Досега не се добиени информации за директно настрадани или повредени државјани во експлозијата што се случи во централното градско подрачје на Истанбул во која загинаа шест лица, а десетици се повредени.

Претходна вестТурција не прифаќа сочувство од САД во врска со нападот во Истанбул
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Афера „Паразити“, додека народот гладува директорот на М НАВ со плата од 5.528 евра