Уапсен криминалец баран за затвор од 20 години

МВР информира дека во Скопје е уапсен маж баран по потерница за излежување на затворска казна од 20 години.

-На 12.11.2024 во 17.10 часот на ул. „Џумајска” во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Б. (45) од Скопје, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од 20 години, во врска со повеќе кривични дела по чл.235 ст.1 (кражба) од КЗ. При преглед кај лицето, пронајдени се фалсификувани хрватска патна исправа, лична карта и возачка дозвола. Д.Б. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, информриаат од МВР.

Претходна вестЖерновски демантира дека бил амбасадор во Романија „на диво“
Следна вестСоветот на Кочани едногласно реши да не се носи отпад од другите општини на градската депонија