Скопскиот градскиот мешан хор „Вардар“ се закити со златен медал на 23-тото издание на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина, Република Српска. Во конкуренцијата имаше повеќе мешани хорови од регионот.
Хорот, под водство на маестра Јасмина Ѓорѓеска, на Фестивалот кој се одржа од 10-12 мај 2024-та година, покажа висок степен на музичка изведба, што резултираше со освоено прво место. При доделување на наградата, членовите на жирито го пофалија напорот и ангажманот на членовите на хорот, истакнувајќи го исклучителниот труд и музички талент. Хорот на Фестивалот се претстави со четири композиции од домашни и странски автори.
Хорот ,,Вардар“ во своето 24-годишно постоење, со посветеност и ентузијазам ја промовира хорската музика во Република Македонија и во странство, постигнувајќи бројни награди и признанија.