Украл возило во Куманово и се забил во надгробна плоча

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 09.40 часот го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип. Тој е осомничен дека извршил кражба.

– Тој со употреба на сила влегол во продажен објект на улица „Иво Лола Рибар“  и одзел пари и клучеви од патничко возило „пежо“ сопственост на Б.С., по што го одзел и возилото, со кое удрил во надгробна плоча на Градските гробишта во Куманово, информира МВР.

С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Претходна вестШто се случува во ДУИ, зошто им ја снема монолитноста?
Следна вестХоландија е единствена држава во светот во која нема кучиња скитници