Улични борби во Харков, Зеленски подготвен за преговори, но не во Белорусија

Воените дејствија продолжуваат во Украина. Сега улични борби се водат и во центарот на Харков откако руските војници влегоа во вториот по големина град во Украина.

-Возилата на рускиот непријател напредуваа во градот Харков. Вклучувајќи го и централниот дел на градот. Предупредување! Не ги напуштајте вашите засолништа, напишал на Фејсбук тамошниот гувернер, Синјехубов.

Повторно се слушале и експлозии западно од центарот на Киев.

Се уште е неизвесно дали ќе има преговори меѓу Украина и Русија. Не можат да се договорат каде би бил состанокот.

-Руската делегација составена од претставници на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и други ресори, вклучително и претседателската администрација, пристигна во Белорусија на преговори со Украинците. Ќе бидеме подготвени да ги започнеме овие преговори во Гомел, изјавија од кабинетот на рускиот претседател.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли руската понуда за разговори во Белорусија. Според него добри дестинасии за преговори се Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку.

Претходна вестСе расчистува ли кој се е погрешно паркиран во „Градски паркинг“?
Следна вестАкадемик Маџунков: Македонија сега ја доживувам како окупирана земја