Улиците не ги пуштаат аеродромци наутро да одат во Центар

Со ново долго чекање во колони возила, хаос, загубено време, нервози… утрово се соочија жителите од скопската општина Аеродром. Сообраќајот одново беше задушен а долги колони возила се направија на главните булевари „Јане Сандански“ и „Кузман Јосифовски – Питу“. Возилата уште од 8 часот мошне бавно се движеа кон центарот на градот. Така беше и во понеделникот.  

Се чини дека утринскиот дожд влијаеше на забавувањето на сообраќајот. Секако треба да се спомене и тоа дека кај Народна банка на Македонија се врши реконструкција на коловозот.

Но, дали само тука треба да се бара причината за губењето на времето и нерозвите на граѓаните? Всушност, покрај причината, треба да се бара решение за утринскиот „шпиц“ кој се повеќе станува целодневен.

Повторувањето на ваквате сообраќајна парализа го поставува прашањето дали надлежните прават нешто за ваквите гужви да не се случуваат. Ретко каде може да се видат сообраќајци – полицајци кои би помогнале да се воспостави ред и поголема проточност на поголемите крстосници. Не е направено ништо со што „зелените светла“ на семафорите би работеле макар и малку подолго време за да пропуштат повеќе возила од правецот на околните населби кон центарот на градот. Наместо тоа, семафорите имаат исто времетраење на сигналите како за таа колона возила така и за оние, многу помалку, возила кои од центарот одат кон околните населби.

Ајде, Градските власти кои имаат и посебен Центар за регулација на сообраќајот, а потоа и МВР треба да реагираат. Па нели Аеродром е најурбанизираната општина во Македонија? Или пак беше најнатрупана со згради и население, а со недоволна инфраструктура и регулација од одговорните?

Претходна вестШто Маричиќ денеска ќе му каже на Брисел за македонското правосудство и антикорупција?
Следна вестНешто ОСТАВКИ, ово – оно… за 200-те уверенија или такви грешки не прават?