Легендарната Универзална сала во Скопје чмае опожарена, чека истраганата да каже од што изгорела. Надзорниците на изградбата на Универзална сала, на денешниот брифинг со медиумите рекоа дека ќе има вештачење и ќе мора да се испита последната конструкција – новата.
-Ќе има веројатно вештачење и ќе треба да се испита новата конструкција, тоа ќе го прават институти и треба да се покаже дали егзистенцијата на материјалот не е нарушена. Ако не е, тогаш ќе продолжи со работа. Доколку е спротивното, нарушеното ќе се демонтира и ќе се прави нова конструкција. Позицијата која е руинирана, која се запали е позиција за која има распишано јавна набавка. Колку време ќе трае тоа, не зависи од нас, МВР се уште прави увид, сигурно ќе има вештачење од обвинителството или некои засегнати страни. Тоa е процес и на крајот ќе треба испитување на целиот материјал, односно на критичниот материјал кој беше најизложен на огнот, рече еден од надзорниците.
Лазар Арсовски, сопственик на компанијата која ја вршеше реконструкцијата на Универзалната сала рече дека изгорени се елементи кои што треба да бидат дислоцирани од тој објект.
-Се што беше вредно, се што имаше некаква вредност и за во музеј, може да се искористи, уште во 2020 веќе беше извадено од салата. Во салата беа старите материјали, како иверица, стар челик, стар алуминиум. Универзална сала не изгоре, изгоре тоа што требаше да биде дислоцирано. Секоја штета што е направена ќе ја сносат нашите две компании. Новиот објект може брзо да се почне, ако биде увидена штета на новата челична конструкција ќе биде заменета за нова. Се додека е во наше владение проектот, ние тоа мора да го направиме и ќе го направиме. Уште еднаш да објаснам, овој пожар нема жртви и не направи некоја преголема штета на самиот проект и ако има таква ние ќе ја сносиме, рекоа оттаму, пренесува Макфакс.