Утре без вода делови до Аеродром и Центар

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека, на ден 12.07.2023 година (среда), :

• Поради замена на затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-80 мм на бул. АСНОМ бр. 128 во нас. Ново Лисиче, од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од бул. АСНОМ од зграда бр. 110 до зграда бр. 180 . (Општина Аеродром)

• поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-80 мм на ул. Ристо Шишков крстосница со ул. Благоја Страчков, од 09:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од Градски Парк – Фонтана до Влада и објектите од дел од Градскиот Парк. (Општина Центар)

Претходна вестГрадоначалникот нa Центар парично ги награди хигиеничарите кои ги чистеа купиштата ѓубре
Следна вестСилен земјотрес ја погоди БиХ, се стресе и Далмација: „Силен шок, траеше долго“