Темен режим Режим на светлина

Силен земјотрес ја погоди БиХ, се стресе и Далмација: „Силен шок, траеше долго“

Потреси од Албанија и Грција почувствувани во Македонија Потреси од Албанија и Грција почувствувани во Македонија

Силен земјотрес денеска во 18:28 часот ја погоди БиХ. Краток, но силен потрес е почувствуван во Мостар, но и во остатокот од Херцеговина, јавува ЕМСЦ.

Според првичните информации, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се уште не е познат.

Земјотресот е особено почувствуван во областа на Мостар, Меѓугорје, Груд, Пошушје, Чапљина, Широки Бријег, Макарска и Плоче.

Жителите од областа околу епицентарот пишуваат дека ударот бил силен и дека тресењето траело доста долго.

„Овој добро не стресе“, „Добро се затресе, се слушна“, „Одеднаш се стресе, без предупредување“, се само дел од коментарите на граѓаните под објавата на ЕМСЦ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Неколку скопски улици денеска без вода

Утре без вода делови до Аеродром и Центар

Следна објава

Борис Џонсон доби осмо дете: На својот син му даде необично име