Утре пак ќе се анализира местото на несреќата на „Беса транс“, македонското обвинителство заглави во предистрага

Паралелна истрага за трагичната несреќа во Бугарија, на автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 45 патници, побараа роднините на преживеаните. Од таа причина, истражители од  Перник утре ќе прават увид на местото, ќе го анализираат патот, кривините, ознаките и какво било одржувањето на правецот на патот.

Тие одговорност бараат и кај тамошната Агенцијата за патна инфраструктура, бидејќи не се стопостотно сигирни дека апсолутната одговорност е на „Беса транс“.

Во декември, истрагата покажа дека главна причина за настанатата катастрофа била брзината која не соодвестувала со условите на патот.

Во трагичната несреќе во Бугарија загинаа 45 патници, а 7 беа потешко повредени. Со месеци трае предистрагата во македонското  обвинителство кое треба да утврди како автобусот на „Беса транс“ успеал со фалсификат документи да ја мине државната граница повеќе од 120 пати.

Претходна вестЈа тепал невенчаната жена и не ја пуштал со денови да излезе од дома
Следна вестТрет земјотрес во два дена: Попладнево „стресе“ во делчевско