Ја тепал невенчаната жена и не ја пуштал со денови да излезе од дома

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела противправно лишување од слобода од чл.140 ст.2 вв ст.1 вв со чл. 45 и Телесна повреда од чл.130 ст.2 вв ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, во периодот од 10.10.2021 година до 12.3.2022 година, при вршење семејно насилство, во два наврати и ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил оштетената со која живеел во вонбрачна заедница.

Физички ја напаѓал оштетената, удирајќи ја со тупаници по главата и телото нанесувајќи ѝ телесни повреди, а потоа и забранувал со денови да го напушта заедничкиот дом.

Надлежниот јавен обвинител заедно со поднесеното обвинение достави и предлог до Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор за обвинетото лице.​​

Претходна вестДизелот пак поскапува, ќе биде дури 7,5 денари повеќе од бензинот
Следна вестУтре пак ќе се анализира местото на несреќата на „Беса транс“, македонското обвинителство заглави во предистрага