Утре променливо со дожд, од четврток повторно сончево

Сонце, облаци и дожд. Вака ќе изгледа утрешниот ден, според прогнозата од УХМР.

Претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а кон југ со зголемена облачност и со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер југоисточен ветер, кој во долниот тек на Повардарието краткотрајно ќе се засилува.

Од вечерните часови од југозапад ќе почне нов бран врнежи. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Нов бран врнежи од дожд ќе почне од утревечер од северозапад и ќе трае и в среда преку денот. На планините овие врнежи ќе бидат од снег, а понекаде на северозапад повремен снег ќе има и на повисоките места.

В среда и в четврток ќе дува засилен северозападен ветер. Од четврток ќе биде стабилно, а утринските температури на повеќето места ќе бидат негативни. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Претходна вестЗаев, Села и Гаши и оваа недела ќе бараат решение за блокираните закони
Следна вестЌе спречат ли жителите на Гази Баба нова еколошка катастрофа?