Заев, Села и Гаши и оваа недела ќе бараат решение за блокираните закони

Премиерот Заев во текот на оваа недела ќе има уште една средба со Алијанса за Албанците и Алтернатива, двете партии кои ја блокираат работата на Собранието, условувајќи ја со донесување на нивниот закон за државанство.

Утревечер премиерот прво ќе има состанок со министрите за внатрешни работи и за правда и другите институции на кој ќе се разгледуваат сугестиите од овие две партии во врска со овој закон.

-Свесни се за нашата инклузивност во процесот и за нашето прифаќање на сугестии. Аргументациите кои беа дадени на маса се прифатливи, а тие ги разбраа и аргументациите на извршната власт кои им беа  дадени пред нив како пратеници, изјави денеска Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали е можно решение.

Ова ќе биде втора средба на премиерот и претставниците на двете партии. По минатата средба и обете страни изјавија дека се на половина пат до решение.

Но, пратениците на овие две партии прво со стотици амандмани, а потоа и со долги дебати во Собранието го оддолжија изјаснување по измените на Ззаконот за попис, со кои тој се одложува за септември, а беа договорени на средбата на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со што Села и Гаши не се согласуваат.

Заев денеска апелираше до двете партии да ги повлечат амандманите за да се одблокираат сите закони од пакетите антикризнимерки.

Претходна вестКомпанијата КАМ ги повика инспекциите да ја проверат информацијата за глушецот во смрзнатиот зеленчук
Следна вестУтре променливо со дожд, од четврток повторно сончево