Темен режим Режим на светлина

Утре протест на ССМ за поголеми плати, некои улици во Центарот на Скопје ќе бидат времено затворени

Утре протест на ССМ за поголеми плати, некои улици во Центарот на Скопје ќе бидат времено затворени Утре протест на ССМ за поголеми плати, некои улици во Центарот на Скопје ќе бидат времено затворени

Утре, некои улици во Центарот на Скопје ќе бидат блокирани, оти ќе се одржува протестот на ССМ за поголема минимална плата.

Маршот на синдикалците ќе тргне од пред седиштето на ССМ, ќе продолжи кон Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата.

Во рутата на движење се опфатени улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“, „Димитрие Чуповски“ и „Васил Главинов“, и булеварите „ВМРО“ и „Илинден“.

Поради тоа, сообраќајната полиција ќе воведе времени ограничувања и пренасочувања на возилата по трасата на движење.

Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да бидат внимателни при движењето во центарот на градот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Мерка за почист воздух: Смена на системите за греење во средните училишта

Мерка за почист воздух: Смена на системите за греење во средните училишта

Следна објава
Ќе се гради нова пешачка патека покрај реката Серава

Ќе се гради нова пешачка патека покрај реката Серава