Последната полна месечина во 2025 година ќе се појави по полноќ, во 00:14 часот на 5 декември, во воздушниот знак Близнаци. Таа симболизира крај на еден значаен животен циклус и затворање на менталните и комуникациските процеси што нè следеле низ целата година.
Оваа полна месечина ќе има најсилно влијание врз Близнаците, Стрелците, Рибите и Девиците. Енергијата што ја носи осветлува сè што останало недоречено, неизговорено или погрешно разбрано, поттикнувајќи ги луѓето да расчистат односи, да ја кажат вистината или конечно да донесат одлуки кои долго ги одложувале.
Близнаците владеат со умот, мислите, информациите и зборовите, па токму затоа фокусот ќе биде насочен кон разговори, пораки, документи, договори и важни вести кои можат да влијаат на идните планови. Овој период носи зголемена свесност за тоа како нашите мисли ја обликувале реалноста низ годината и каде е потребно да направиме пресврт.
Емоциите може да бидат мешани: Близнаците внесуваат немир и љубопитност, а полната месечина ја засилува таа енергија и ја прави секоја ситуација појасна.
Ослободување и подготовка за Новата година
Како последна во годината, оваа полна месечина повикува на ослободување од стари ментални обрасци, негативни уверувања и непотребни грижи. Таа нуди можност да влеземе во 2026 година со полесен ум, појасни мисли и јасни намери.
Ова е идеален момент за пишување цели, завршување започнати разговори и донесување одлуки кои ќе внесат повеќе јасност и леснотија во следниот период.