Темен режим Режим на светлина

Тошковски: Жената жртва од Карпош негирала насилство пред полицијата, уапсен сопругот кој имал дебело криминално досие

Тошковски: Жената жртва од Карпош негирала насилство пред полицијата, уапсен сопругот кој имал дебело криминално досие Тошковски: Жената жртва од Карпош негирала насилство пред полицијата, уапсен сопругот кој имал дебело криминално досие

По вчерашната трагедија во која загинаа мајка и дете во Карпош, а јавноста се дигна на нозе поради се почестите семејни насилства кои завршуваат со смрт, денеска се огласи министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тој потврди дека вчера 14 часот е пријавено од страна на случаен минувач дека мајка и девојче скокнале од зграда. МВР веднаш излегло на терен.

Воедно, министерот објасни дека немилите настани имале претходни збиднувања во кои била вклучена и полицијата.

Истиот ден во 12 часот имало пријава за насилство и бил извршен разговор со сега веќе починатата жена, но таа изјавила дека се работело за недоразбирање и дека не бара полициска интервенција. Младата жена навела дека брачните односи ги решава во бракоразведна постапка. Составена е белешка и како што вели министерот жената го потпишала.

-Сите овие околности детално се документираат и ќе бидат предмет на понатамошна анализа, истакна Тошковски, додавајќи дека МВР ќе ги утврди фактите, вклучително и дали изјавата дадена тој ден била под присила.

Инаку, соопштено е дека поради овој настан едно лице – сопругот е лишено од слобода. Против него во изминатите години полицијата поднела 10 кривични пријави за дела од насилен криминал, имотни деликти и трговија со дрога.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Автомобил се заби во жардинерата на булеварот пред Соборниот храм

Автомобил се заби во жардинерата на булеварот пред Соборниот храм "Св. Климент Охридски"

Следна објава
Првиот човек на НАТО на средби со државниот врв: Македонија е верен сојузник

Првиот човек на НАТО на средби со државниот врв: Македонија е верен сојузник