На 2 март 2026 година во 19:10 часот во СВР Тетово, 49-годишен жител на тетовско пријавил дека неговата малолетна ќерка била вознемирувана од 23-годишник од кратовско, со кого претходно се познавале.
Според пријавата, во подолг временски период осомничениот ја контактирал и вознемирувал од различни телефонски броеви и преку лажни профили на социјални мрежи. Истиот ден, околу 16:50 часот, по завршување на наставата, ја следел од средното училиште каде што учела до автобуската постојка.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.


