Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија информира дека, поради актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединети Арапски Емирати, работи на финализирање на организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонски државјани.
Од Министерството ги повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби.
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: abudabi@mfa.gov.mk
Во соопштението се нагласува дека безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет и дека пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за реализација на евакуацијата.


