Темен режим Режим на светлина

Уставниот суд со историски чекор: Седницата првпат во живо пред јавноста

Уставниот суд со историски чекор: Седницата првпат во живо пред јавноста Уставниот суд со историски чекор: Седницата првпат во живо пред јавноста

Уставен суд на Република Македонија денеска ќе ја одржи третата седница, на чиј дневен ред се предвидени девет иницијативи за оценување на уставноста и законитоста.

За првпат досега, јавноста ќе има можност седницата да ја следи во живо преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на Судот.

Од Уставниот суд претходно информираа дека со овој потег започнува, како што наведуваат, историски исчекор кон целосна институционална отвореност. Станува збор за најголемата реформа во делот на транспарентноста од формирањето на институцијата – овозможување директен пренос на седниците.

Пред уставните судии ќе се најдат повеќе иницијативи, меѓу кои и иницијатива поднесена од самиот Суд, со која се оспорува член 14 во делот „претседател на Уставниот суд на Република Македонија и“ и член 15 во делот „судија на Уставниот суд на Република Македонија,“ од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
CNN: Трамп во разговори со иранската опозиција и курдските лидери

CNN: Трамп во разговори со иранската опозиција и курдските лидери

Следна објава
Фаворитите без грешка: Вардар и Охрид со нови победи во Супер лигата

Голема победа во Скопје: „Црвено-црните“ со +6 против Бенфика