Темен режим Режим на светлина

Голема победа во Скопје: „Црвено-црните“ со +6 против Бенфика

Фаворитите без грешка: Вардар и Охрид со нови победи во Супер лигата Фаворитите без грешка: Вардар и Охрид со нови победи во Супер лигата

Ракометарите на Вардар 1961 ја победија Бенфика со 33:27 во Лига Европа и обезбедија место во осминафиналето на натпреварувањето. „Црвено-црните“ имаат шанса и за директен пласман во четвртфиналето, доколку во последното коло останат непоразени на гостувањето кај Мелсунген.

Вардарци дури 44 минути ја надоместуваа негативата од пет гола од првиот натпревар во Лисабон. Во првото полувреме имаа и четири погодоци предност, но португалскиот тим успеа да се стабилизира, па на паузата се замина со тесни 15:14.

И во вториот дел домаќините тргнаа силно. Потребната разлика ја достигнаа во 44. минута, а потоа дополнително ја зголемија предноста на седум гола (27:20), со што практично го скршија отпорот на противникот.

Бенфика се обиде да се врати во натпреварот и намали на 28:24 во 55. минута, но Вардар не дозволи пресврт и сигурно го приведе мечот до крај за конечни 33:27.

Најефикасни во редовите на македонскиот тим беа Малус со девет и Воркапиќ со осум постигнати голови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Уставниот суд со историски чекор: Седницата првпат во живо пред јавноста

Уставниот суд со историски чекор: Седницата првпат во живо пред јавноста

Следна објава
Собранието денес треба да го избере Гоце Наумовски за нов уставен судија

Собранието бира нови заменик-министри за одбрана и образование