Темен режим Режим на светлина

Спектакл во Битола: Пелистер му одолеа на ѕвездениот ПСЖ

Спектакл во Битола: Пелистер му одолеа на ѕвездениот ПСЖ Спектакл во Битола: Пелистер му одолеа на ѕвездениот ПСЖ

Уште една голема вечер за македонскиот шампион РК Пелистер во Лига на шампиони. Битолчани на последниот домашен натпревар од групната фаза одиграа нерешено 34-34 против ѕвездениот состав на ПСЖ, освојувајќи бод со гол во последните секунди.

Херој на вечерта беше Дејан Манасков, кој во самиот финиш реализираше контранапад за конечни 34-34. Капитенот Филип Кузмановски одигра капитенски натпревар и со 10 погодоци беше најефикасен кај Пелистер, додека Манасков додаде пет гола.

Францускиот тим подобро го отвори натпреварот и во првото полувреме ја контролираше играта, на двапати создавајќи предност од четири гола (9-13 и 10-14). Сепак, Пелистер не дозволи резултатски одлепување. Со подобра одбрана и неколку клучни интервенции на голманската позиција, битолчани останаа во игра и на пауза заминаа со негатива од 15-18.

Во вториот дел следуваше целосно поинаква слика. Пелистер постепено го топеше водството на гостите, а со серија од два гола – на Манасков и Кузмановски – се доближи резултатски. Во 42. минута стигна израмнување, а набргу потоа Кузмановски од седум метри го донесе и првото водство за својот тим (27-26).

Домашните продолжија во ист ритам и со головите на Кузмановски и Тајник поведоа со 29-27 на стартот на 50. минута. Но ПСЖ возврати со серија од 3-0 и повторно ја презеде контролата (29-30), а по неколку грешки на Пелистер и исклучување, гостите стигнаа до 30-32.

Драмата кулминираше во последните минути. При 32-34, Пранди го постигна својот 100-ти гол во Лигата на шампиони и донесе плус два за францускиот состав. Сепак, Пелистер не се предаде. Хосни намали на 33-34, а во последните 20 секунди ПСЖ не успеа да реализира. Манасков ја искористи шансата, истрча во контранапад и погоди за конечни 34-34 и голема радост во Битола.

Во последното коло од групната фаза, Пелистер ќе гостува кај Барселона.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Ракометарките иако фаворитки, загубија во Белгија – ЕП се подалеку

Ракометарките иако фаворитки, загубија во Белгија - ЕП се подалеку

Следна објава
Пози што им помагаат на жените побрзо да доживеат оргазам

Пози што им помагаат на жените побрзо да доживеат оргазам