Утре времен сообраќаен режим на булеварот „Киро Глигоров“ и на Водно

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје соопшти дека во текот на утрешниот ден (26.03.2023 – недела) на булеварот „Киро Глигоров“, на потегот од Бриколаж до булеварот АСНОМ, сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.

– Времениот режим се воведува поради активностите за обележување на хоризонтална сигнализација на булеварот во периодот од 7 – 19 часот, информираат од претпријатието.

Министерството за внатрешни работи, пак, ги известува граѓаните дека утре (26.03.2023), со почеток во 10.00 часот поради најавена атлетска трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на планината Водно.

-Рутата на движење на атлетската трка е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот Св. Пантелејмон и обратно. Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, се наведува во соопштението.

Претходна вестПодготвувале продажба на 7 килограми амфетамин, обвинети три лица
Следна вестАрхиепископ г.г. Стефан на чествувањето за Кирил Лешочки: Со запазување на верата го чуваме и нашиот идентитет