Куманово е вториот финалист на Македонскиот кошаркарски куп „Благоја Георгиевски-Буштур“. Тие во драматичното полуфинале победија против екипата на ТФТ со резултат 87-79.
На натпреварот, кој изобилуваше со чести резултатски пресврти и висок интензитет, двете екипи прикажаа борбена и квалитетна игра.
Николиќ беше лидер на теренот кај кумановци и со 31 поен беше најефикасен на натпреварот. Кај поразениот тим Дејвис постигна 24 поени.
Па така, кумановскиот тим, вторпат по 2013 година ќе се бори за првиот куп трофеј против бранителот МЗТ Скопје Аеродром, во големото финале које ќе се одржи вечерва во 19 часот во Куманово.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





