Вечерва во Филхармонија концерт со гости од Европа под наслов „Зимски соништа“

„Зимски соништа“ е насловот на концертот на оркестарот на Филхармонија што се одржува вечерва под диригентската палка на Конрад ван Алфен од Холандија. Дел од концертот, како солист е виолистот Тимоти Ридаут од Велика Британија.

„Зимска приказна“ е првата симфониска музичка приказна на големиот руски композитор Чајковски со која го најавил својот богат оркестарски опус.

Тимоти Ридаут е еден од водечките млади солисти на светската музичка сцена. Тој е уметник на новата генерација на „Би-Би-Си“ од 2019 година, a неговите концертни ангажмани оваа сезона вклучуваат настапи со оркестрите во Берлин, Бордо, Салцбург, Симфонискиот оркестар на „Би-Би-Си“.

-Конрад Ван Алфен е инспиративен диригент кој ги прави нештата да се случуваат. Се стекнал со популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој ги води пробите и изведбите, се вели во описот на Филхармонија.

Претходна вестНе попушташе 19 месеци, ама на 5 дена пред избори Владата се премисли: Се отвораат ноќните клубови
Следна вестСите работат „според закон“, а добиваме хаос