Велосипедист загина откако го удрил автомобил

Велосипедист го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила синоќа во 01.30 часот после полноќ во Маџари.

Според инфорациите од полицијата, било пријавено дека во Скопје, на ул.„Маџари“, патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(25) од Скопје удрило во велосипед управуван од А.А.(58) од Скопје.

Велосипедистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Претходна вестПрегазен пешак во Ченто
Следна вестПотврден првиот случај на заразен со омикрон во Хрватска