Верувале или не, Ковачевски и Мицкоски ќе разговараат за енергетската криза

Средба во Влада денеска ќе се одржи меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на којашто ќе се разговара за актуелната енергетска криза. Според најавите, средбата е закажана да се одржи во 16 часот, а потврда за неа вчера стигна и од Владата и од ВМРО-ДПМНЕ.

-Прифатен е повикот од премиерот Ковачевски за утрешна средба каде ќе присуствува економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Христијан Мицкоски. Ги нудиме нашите ресурси и концепт. Би требало да се разговара во вакви тешки времиња и треба да седнеме заедно најголемата опозициска партија со Владата, изјави синоќа na ТВ24 Маја Кадиевска од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

До средбата доаѓа откако во изминативе денови имаше повеќе повици за средби, но и одбивања окоlу тоа каде да биде одржана. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски неодама, откако го промовира својот концепт за ублажување на последиците од енергетската криза и спас на работни места“, ги покани владините функционери во партиското седиште.

-Побарав средба со Димитар Ковачевски за да го образложам концептот за оваа, но и за следната година, како да се оптимира искористувањето на домашните ресурси и да се обезбеди евтин енергенс, но дезертираше, одби. Го повикав на ТВ дебата пред македонската јавност, повторно дезертираше. Го повикав и Фатмир Битиќи како одговорен за економски прашања во владата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, одби да дојде, стоеше во писмено обраќање на Мицкоски.

Од спротивната страна, премиерот Ковачевски и вицепремиерот Фатмир Битиќи го поканија Мицкоски да дојде на седница на Економскиот совет на Владата за да го образложи својот план.

-Во врска со понудите кои ВМРО-ДПМНЕ ги споменуваат деновиве во медиумите, со оглед на ургентноста, верувам дека веќе и ги имаат доставено до ЕСМ како што побара и предочи директорот на компанијата, со оглед на фактот дека тоа е институционалната процедура по која државата може да постапи. Економските политики се креираат институционално во Владата, на Економскиот совет и со учество на сите засегнати страни и одлуките, пак, се носат на владини комисии и седница, а не на партиски штабови и со помош на партиски структури. Тој додаде дека на последниот Економски совет, во проширен состав, покана била испратена и до ВМРО-ДПМНЕ, но ниту еден претставник од оваа партија не се појавил на седницата, соопшти премиерот Ковачевски.

Сепак еве, верувале или не: Најдоа сили и разум (повод имаа) за да се сретнат лидерите на власта и опозицијата. Сега останува да се види на средбата ќе разговараат или ќе се караат…

Претходна вестНов вандализам: Искорната и украдена бистата на хероината Невена Георгиева – Дуња
Следна вестНа мигрантите и шверцерите им се бендиса рутата низ Македонија, но ќе станеме ли и „паркинг место“?